Вирусот Западен Нил е регистриран кај комарци во неколку општини и во повеќе градови во Србија, рече д-р Иван Алексиќ од Институтот за биоциди, пренесува „Б92“.

Заразени комарци се регистрирани во Белград и во неколку градови во Србија.

Алексиќ рече дека комарците се наоѓаат главно во гробиштата и шумските комплекси и на неколку места во урбаните средини.

Во Белград, тие се регистрирани во шумата Бањица, околу гробиштата, како Мали Збег, на брегот на Дунав, Котеж, Обреновац, Баново Брдо … А.Н.