Здравствената комисија на кинескиот град Вухан вчера објави дека вирусот корона е откриен на пакувањата замрзнато говедско месо што пристигнало во Кина од Бразил. Поради овој случај, градот го засили тестирањето на замрзната храна како дел од националната кампања. По тој повод, вирусот беше пронајден на три примероци кои пристигнаа во Вухан во август од Бразил, пишува Ројтерс.

Исто така, надлежните институции го пронајдоа вирусот на замрзнатата риба што пристигна од Индија. Поради овој случај, Кина привремено забрани увоз на храна од таа земја.      А.Н.