Вицепремиерот Љупчо Николовски е позитивен на коронавирусот. Тој оваа информација ја сподели преку својот фејсбук профил.

„Поради лесни симптоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме“, вели вицепремиерот Николовски во објавата на својот ФБ профил. А.Н.