На денешната 35-та седница на Владата е донесена Одлука за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок.

Во информацијата од Владата се  вели : „На оваа своја седница Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.„

Меѓу другите одлуки Владата на денешната седница  донесе одлука за итна финансиска помош во висина од 6.000.000 денари за ублажување на штетите од земјотресот што денеска ја погоди Република Хрватска.               А.Н.