Македонскиот виртуозен гитарист и автор, Влатко Стефановски, во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија.

Тој настапи во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас и на сцената, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци.

Настанот беше координиран од Златко Ориѓански – директор на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, кој заедно со Денис Бижга, директор на ,,Albania guitar festival“ го овозможија овој прв концерт на светски реномираниот Влатко Стефановски во Тирана, што секако ќе биде забележан како историски датум за културите на двете земји.