Внимавајте на бројот на налепницата на бананите – тој носи важна информација

89

Денес е вообичаено овошјето, најчесто во супермаркетите, да има налепници. При купувањето речиси никој не обрнува внимание на декларацијата. За повеќето тоа е само едноставно име на производителот.

Сепак, тие можат да носат важна порака. Покрај името на производителот, според прописите за квалитет, декларациите треба да содржат и бројки кои пред се откриваат како всушност се одгледувало овошкото дрво.

Четири бројки на налепницата
Ако на декларацијата покрај името на производителот забележите четири бројки кои почнуваат со бројот три или четири, знајте дека таа банана (или некоја друга храна) се одгледувала со вештачки ѓубрива. Така, на пример, лимоните се означени со бројот 4033, додека бананите имаат броеви 4011.

А ако видите декларација со пет броја на храната, од кои првиот е број 9, знајте дека е од органско потекло, поточно дека не е прскана со пестициди и е природно одгледувана.

Првиот број осум е знак за ГМО
Почетниот број осум на декларацијата ви испраќа многу предупредувачка порака, имено дека таквата храна е генетски модифицирана (ГМО). Ваквите банани на себе го имаат бројот 84011. Инаку, ГМО се организми чиј генетски материјал е променет со користење на различни методи на генетски инженеринг, најчесто со вметнување на дел од наследниот материјал (ДНК) на еден организам во ДНК на друг организам.