Поплави во Србија Фото RINA-TANJUG-AP PHOTO-VISAR KRYEZIU

Поплавите во Србија предизвикаа штети и итни евакуации во многу области, а вонредна состојба е прогласена во Ниш и Лесковац. Ситуацијата во поплавениот југ на Србија е најкритична кај Бела Паланка, каде едно село е под вода.

Влада Племиќ од Секторот за вонредни ситуации за „Мондо“ вели дека дождот повеќе не паѓа и дека реките на југот на земјата полека се враќаат во своите корита, но тој посочува дека 10.680 домаќинства се без електрична енергија. Вонредна состојба е во сила во неколку општини.

Членовите на Секторот за вонредни состојби со специјализирани екипи за спасување и работа на вода, евакуираа 67 лица од зградите кои беа поплавени од поројни води.

Евакуирани се 32 лица од Доjeевац, 10 од Бела Паланка, осум од Бујановац, шест од Бојник, четири од Златокоп кај Врање, три од Пирот, две од Лесковац, едно од Димитровград и едно од Доња Трнава кај Ниш, соопшти МВР.

Поради обилните врнежи од дожд, поројите и проблемите со водоснабдувањето, беше прогласена вонредна состојба во градовите Ниш и Лесковац, во општините Житораѓа, Дољевац, Димитровград, Власотинце и Гаџин Хан, како и во општина Пријепоље поради обилните врнежи од снег. А.Р.