На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук профил информира дека возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки.
Имено тој ја информира јавноста дека сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.
Предлог-законот стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието.   Н.Д.