четврток, април 25, 2024
домаСпортОстанати спортовиВознијацики добила смртни закани

Вознијацики добила смртни закани

Каролина Вознијацки, победничката на Австралија Опен на нејзиниот твитер објави дека и добила закани со смрт во Мајами. На твитер таа напиша: “ На мене и на моето семејство ни испратија смртни закани, а јас сум онаа која што секогаш ги поддржува навивачите да навиваат за своите омилени играчи, но кога ќе се надминат границите, тенисот станува мизерен и за двата играчи...

Данската тенисерка Каролина Вознијацки тврди дека нејзиното семејство и таа добиле смртни закани на Мастерсот во Мајами. Победничката на Австралија опен изненадувачки загуби во вториот круг од Моника Пуиг од Порторико во текот на кој, како што тврди, од гледач добила смртни закани.
 
Нејзина противничка беше подобра и победи со резултат 0-6, 6-4, 6-4, а вистинската драма се случи кога Каролина го напушти теренот.
 
– Во текот на вчерашниот натпревар луѓе во публиката им се закануваа на моето семејство, посакаа смрт на мајка ми и татко ми, ме нарекуваа со разни погрди имиња кои не можам ни да ги повторам, а на внуците на мојот вереник (кои имаат 10 години) им се закануваа да седнат и е*ено да замолчат. Во меѓувреме, обезбедувањето не направи ништо за да го спречи тоа – напиша разочарано Вознијацки на Твитер.
 
– Јас сум онаа која што секогаш ги поддржува навивачите да навиваат за своите омилени играчи, но кога се надминуваат границите тенисот станува мизерен за двајцата играчи.
 
Вознијацки ги повика организаторите во Мајами и им порача дека такви работи не треба да се случуваат.
 
– Се надевам дека Мајами Опен ова сериозно ќе го сфати, бидејќи тоа е грозно и е страшен пример за идните генерации на играчи, но, исто така,и за навивачите на тенисот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ