четврток, април 25, 2024
домаВо Австрија од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19

Во Австрија од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19

Австрија денеска стана првата земја во Европа која воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за возрасни граѓани, откако претседателот Александар Ван дер Белен го потпиша законот. Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите граѓани кои се регистрирани во земјава, без разлика на државјанството, но не се однесува на странските дипломати или оние кои од здравствени причини не можат да ја примат вакцината.

Сеопфатните мерки во Австрија ќе резултираат со казни од 600 евра без потврда за вакцина или ослободување. Проверката дали се почитува задолжителната вакцинација почнува на 15 март.

Австрија кон крајот на минатата година најави воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, а законот беше донесен во јануари. Но, оваа одлука сега стапи на сила, со оглед на тоа што претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен дури денеска го потпиша законот. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ