Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, со областа Брчко, починаа 62 пациенти и има 1.179 новоинфицирани лица со корона вирус. Тестирани се 3.184 примероци.

Само во Федерацијата БиХ, според Институтот за јавно здравје, починале 36 пациенти, додека бројот на новозаболени е 738. Во тој ентитет беа тестирани 2.145 примероци.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Досега се тестирани вкупно 272.216 примероци во ФБиХ, а корона вирусот е потврден кај 54.306 лица. Во Федерацијата БиХ од денес се излекувани 35.186 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано опоравување кај 943 пациенти. Во моментов има 17.639 активни случаи на позитивни со коронавирус. До денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 1.481. А.Р.