Единствениот преживеан член на терористичката група, таканаречена Исламска држава, Салах Абдеслам (28), се појави денеска на судење во Брисел, каде што е обвинет за убиство на полицаец во терористички напад.

Абдеслам, како што јави „Би-би-си“, во судница го воведоа двајца маскирани полицајци. Против него се води одделен процес во Франција, каде што е обвинет за убиство на 162 лица во Париз во терористичкиот акт изведен во ноември 2015 година во концертна сала.

Во Брисел безбедноста е подигната на многу високо ниво. Пред судницата се наоѓаат голем број вооружени полицајци, а има неколку контролни пунктови до судницата во која ќе биде Абдеслам, јави АП.

Портпаролот на кризниот штаб во Белгија, Ив Стивенс, изјави дека најверојатно ќе бидат поставени уште полицајци и на периферијата на Брисел, пренесува „Политико“.