Министерството за здравство на соседна Бугарија одржува вонреден состанок на кој се разговара за новастаната ситуација со зголемување на бројот на заразени.
Најновите примероци тестирани во Националната референтна лабораторија покажале дека попладнево е регистрирани вирусот  кај 7 лица, пренесува Нова.бг.

Претходно денес, од страна на Националната референтна лабораторија беше соопштено дека COVID-19 е докажан кај 9 други лица. Со ова бројот на заразени порасна на 23 лица.

Во Софија, денес беа тестирани вкупно 106 примероци во Националната референтна лабораторија и воената медицинска академија, од кои 16 се позитивни.

Министерството за здравство информира дека во моментов здравствените власти, заедно со органите на МВР, активно бараат и карантинираат лица кои биле во контакт со заразните.

Н.С: