Тестирањето на сите 11 милиони жители започна денес во Вухан, а првите граѓани чекаа во ред на дождот повеќе од еден час.

Здравствените експерти проценуваат дека ваквото тестирање е без преседан. Тестирањето во моментов се прави на четири локации. Приоритет ќе имаат вработените во образованието, здравството, транспортот и трговијата, државните службеници и граѓаните кои доаѓаат од странство.

Властите во Вухан, каде започна пандемијата минатата година и каде имаше 80% од сите заразени во Кина, започнаа кампања за тестирање оваа недела, затоа што поради неколку нови случаи на заразени се појави страв од втор бран на инфекцијата, пренесува Ројтерс.

Вухан во април излезен од карантинот што траеше 76 дена. Сепак, се стравува од можни асимптоматски случаи. Дневно може да се тестираат 100.000 луѓе. А.Р.