четврток, април 25, 2024
домаЖивотВо „Етно село“ осветена црква Рождество на Пресвета Богородица и одбележан Светскиот...

Во „Етно село“ осветена црква Рождество на Пресвета Богородица и одбележан Светскиот ден на Мирот

Христијанскиот празник, Раѓањето на Пресвета Богородица, и Светскиот ден на Мирот, кои се слават на 21 септември, денеска беа одбележани во кумановското „Етно село“, со осветување на црква и симболично пуштање на бели мировни балони. Овој голем православен христијански празник, денеска имаше и уште поголемо значење на македонските копаничари и за миротворниот уметник Живко Поповски-Цветин.
Имено, осум копаничари цела година го правеа иконостасот, а го насликаа двајца фрескосликари, во малата црквичка која што е подарок од сопственикот на „Етно село“, Горан Тимчевски.

 

Осветена беше од Митрополитот на Кумановската епархија и уште пет свештени лица, а потоа за присутните граѓани следуваше посно гравче, за што се погрижија врвни македонски кулинати, под водство на врвни кулинарски шефови.
-Осум најактивни копаничари од Здружението на копаничари на
Македонија, изминатава година го изработија иконостасот како благодарност за гостопримството што „Етно село“ ни го пружа во изминатите осум години, кога тука се одржуваа нашите копаничарски колонии, ни изјавија.
По осветувањето, уметникот Цветин ги поздрави присутните со мировна беседа и праќање на бели балони, како порака идејата за мирот да се шири секаде. Валентина Ѓоргиевска Парго
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ