Контактот со старите лица во Европа мора да остане ограничен барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирус, предупреди претседателот на Европската комисија.

„Без вакцина, ние треба да го ограничиме што е можно повеќе контактот со постарите лица, особено со оние кои живеат во старечки домови“, рече Урсула фон дер Лејен за германскиот „Билт“.

„Знам дека е тешка изолацијата, но тоа е прашање на живот и смрт. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливи“, рече таа.

„Децата и младите ќе уживаат поголема слобода во движењето отколку постарите и оние со хронични заболувања, учениицте од идната година ќе седат по еден ученик во клупа и на поголемо растојание “, рече шефот на ЕК.

Таа додаде дека се надева дека ќе се развие вакцина од европска лабораторија до крајот на годинава.

Н.С.