четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаВо Крушево и Битола, утре и задутре се чествува роденденот на Тоше!

Во Крушево и Битола, утре и задутре се чествува роденденот на Тоше!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Во Крушево утре, 25 јануари, ќе се одбележи уште една годишнина од раѓањето на Тоше Проески. Претпладне, во 11.30 ќе се положат цвеќиња на вечното почивалиште на Тоше, а од 12 часот ќе започнат низа настани во неговата спомен куќа.
Манифестацијата ќе почне со настап на Сотираки Чакалар, обраќање ќе има и градоначалникот на општина Крушево, потоа ученици од „Наум Наумовски Борче“ ќе читаат извадоци од песните на Тоше. Настап треба да има и Марија Котеска, а по неа се обрати директорот на спомен куќата, ќе се доделуваат награди и благодарници, а на крај манифестацијата ќе заврши со настап на Елена Ристеска во чест на Тоше.
Организатори на настанот се: Општина Крушево, Спомен куќа „Тодор Проески, Меѓународна фондација „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.
Ден потоа, во Центарот за култура во Битола од 19 часот, во негова чест негови песни ќе испеат познати поп пејачи во придужба на камерниот оркестар на Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ