Корисен фејсбук статус на доктор Ивица Апостолов, полн со совети. Ви го пренесуваме :
“Денес на работа дојдов после 5 дена и гледам поприлично амбулантите полни со пациенти кои се жалат на омалаксаност, на проливи, главоболки, повраќање и висока температура.
Јас  би сакал да ве потсетам, дека во овој пеколен летен период треба да избегнувате максимално јадење на брза храна и разни месишта, конзервирана храна и сувомеснати јадења, салами и мартадели, сендвичи, плескавици, мајонези и кечапи, сосови, а треба да бидете внимателни со млечните производи и пиење на жесток алкохол, бидејќи многу лесно можете да награбусите и да завршите на инфективна или токсикологија.
 
Пијте многу течности, јадете зеленчук и овошје, но претходно да бидат добро измиени, а она што сакам да го запамтите е да миете повеќе раце иако ќе ви звучи смешно и популистички, ама послушајте ме…рацете мијте ги почесто, а зелената салата и марула обавезно темелно да ја третирате при миење и оставете ја во стаклен сад со сода бикарбона и вода минимум 15-20 минути пред повторно да ја измиете и да ја сервирате за јадење.
 
И да не заборавам, свежа риба купена на пазар од тезга избегнувајте, односно 
НЕ КУПУВАЈТЕ!!!