Количината на микропластика во пацифичката зона помеѓу Калифорнија и Хаваи расте – на подрачјето на Тихиот Океан, познат како „Голем пацифички остров од ѓубре“ лебди околу 80.000 тони пластика, што е 16 пати повеќе отколку од она што е проценето.

истражување објавено во списанието „Сајентифик рипортс“ покажува дека „островот од ѓубре“ и зафаќа површина од 1,6 милиони квадратни километри и содржи вкупно од 1,8 милијарди честички од различни големини, и 99 отсто од отпадот е пластика. Научниците од фондацијата „Чистење на океанот“ дојдоа до оваа проценка врз основа на анализа на фотографии од воздух и отпадот уловен во мрежи во оваа област.

„Островот од ѓубре“ се наоѓа помеѓу Калифорнија и Хаваи и е најголем од петте океанските акумулациони зони на кои поради океанските струи се собира отпад. Научниците се загрижени од фактот дека меѓу отпадот се зголемува количеството на микропластика, или делови од пластика помали од пет милиметри.

Истражувањето покажа дека количината на микропластика во зоната се зголемила тројно од 1970-тите години. Меѓутоа, три четвртини од отпадот во таа зона го сочинуваат поголеми пластични парчиња, од кои речиси половина се мрежи за риболов. Не знае колку пластика всушност има во морињата. Новото истражување дава поцелосен увид во големината на проблемот, благодарение на воздушните снимки.