четврток, април 25, 2024
домаЖивотВо периодот од 20-26 јули регистрирани 956 новозаразени со корона вирус во...

Во периодот од 20-26 јули регистрирани 956 новозаразени со корона вирус во 29 града

Тестирани се вкупно 9.563 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, информираа од ИЈЗ во нивната седмична анализа за периодот од 20 – 26 јули 2020. Според извештајот, регистрирани сe вкупно 956 нови позитивни случаи од 29 градови во државата. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=357; 37,3%) и Штип (n=154; 16,1%).

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 20-26.07.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 357 15
Штип 154 1
Гостивар 86 3
Куманово 79 4
Струга 46 3
Тетово 46 1
Битола 27  
Кичево 20 2
Дебар 19 1
Кавадарци 19  
Свети Николе 17  
Охрид 17  
Прилеп 12  
Демир Хисар 9  
Кочани 7  
Струмица 6 1
Велес 6  
Македонски Брод 6  
Пробиштип 4  
Македонска Каменица 4  
Ресен 3  
Виница 3  
Радовиш 2 1
Крушево 2  
Богданци 1  
Вкупно 956 32

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица од 50-59 години со 213 (22,3%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст над 60 (n=187; 19,6%) и 40-49 (n=187; 19,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=25; 2,6%) и 10-19 години (n=45; 4,7%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 483 (50,5%) лица од женски и 473 (49,5%) од машки пол. Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=896; 93,7%), регистрирани се 127 (14,2%) хоспитализирани, а кај 279 (31,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 398 (44,4%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена). По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 654 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Пријавени се 32 смртни случаи од 10 градови. Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=27; 84,4%). Од починатите, 29 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 26 починати лица.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 26.07.2020, пријавени се вкупно 10.213 случаи на COVID-19 (I=491,6/100.000). Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 1.444,8 заболени, Свети Николе со 1.057,9 на 100.000 жители, Ресен (874,5/100.000), Скопје (754,5/100.000), Куманово (694,5/100.000), Дебар (691,8/100.000), Струга (613,1/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Велес, Пробиштип и Демир Хисар.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 5.069 машки и 5.144 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 489,0/100.000, додека кај женските 498,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.248 (22,0%) со инциденца од 586,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 714,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.987 заболени). Најниска инциденца од 173,4 и 175,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 397 и 439 случаи соодветно.

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), 20,9% (n=2.103) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Велес и Гостивар), моментално се хоспитализирани 360 лица, а од нив 102 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), малаксаност (40,9%), кашлица (40,8%), болка во грло (14,5%), главоболка (14,5%), треска (13,0%) и отежнато дишење (11,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), кај 2.782 или 27,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.680 или 60,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), пријавени се 89 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 21 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четириесет и еден од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), кај 3.029 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.089 лица имаат кардиоваскуларна болест, 864 дијабет, 415 се со хронична белодробна болест и 537 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.239 (59,0%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), регистрирани се 671 (6,7%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 466 смртни случаи (Лт = 4,6%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) . Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=339) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 88,4/100.000 жители. Регистрирани се 296 смртни случаи кај лица од машки и 170 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 376 (80,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=290), дијабет (n=133) и белодробна болест (n=68). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и три смртни случаи кај здравствени работници. Дваесет и четири (5,2%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 442 (94,8%) починале за време на хоспитализација.

Според исходот од заболувањето, 4.161 лица (40,7%) се активни случаи, 5.586 случаи (54,7%) се водат како оздравени (496 од нив се здравствени работници и 56 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 968 (17,3%) биле хоспитализирани додека останатите 4.618 (82,7%) биле на домашно лекување.

На табелата подолу е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Тетово, Куманово и Штип (n=2.685)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.855 Куманово 284
Чаир 260 Куманово 233
Аеродром 207 Липково 50
Гази Баба 193 Старо Нагоричане 1
Кисела Вода 181 Штип 409
Карпош 163 Штип 392
Центар 149 непознато 11
Бутел 128 Карбинци 6
Ѓорче Петров 128
Шуто Оризари 120
Сарај 105
Студеничани 93
Арачиново 36
Илинден 22
Сопиште 22
Петровец 19
Чучер Сандево 12
странец 8
Зелениково 7
непознато 2
Тетово 278
Тетово 205
Теарце 23
Желино 15
Јегуновце 12
Боговиње 12
Брвеница 11

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок. На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Гостивар, Свети Николе, Струга, Охрид, Кичево и Дебар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ