Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на КОВИД-19 или 33 отсто од бројот на тестирани.
Пријавени се вкупно 33 починати лица на возраст од 38 до  85 гдоини, и тоа 12 пациенти од Скопје (83г,82г,81г,75г,74г,72г,70г,70г,69г,62г,43г,38г), по 3 пациенти од Тетово (69г,60г,41г) и Кавадарци (78г,77г,71г), по 2 пациенти од Битола (83г,65г), Прилеп (73г,68г) и Ресен (75г,66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г).
Регистрирани се 457 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.