Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозаразени има во Скопје -23, по што следи Струга со 11, Штип со 10, Куманово и Охрид со по 8 новозаразени, Македонски Брод 4, Гостивар 4, по 3 новозаразени има во Прилеп, и Битола, по две лица има регистрирано во Дебар, Велес, Тетово, Виница, Свети Николе и Кичево, во Кавадарци и во Струмица има по еден новозаразен на вирусот.
Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје , пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Н.Д.