четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеВо последното деноноќие регистрирани 407 нови случаи на ковид 19, седум починати...

Во последното деноноќие регистрирани 407 нови случаи на ковид 19, седум починати и 399 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје, а Кавадарци со нови 35  регистрирани се јавува како ново жариште.
Починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 399 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.
А.Н.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ