четврток, април 25, 2024
домаЖивотВо последното деноноќие 148 новозаразени, меѓу кои и 4 деца и 2...

Во последното деноноќие 148 новозаразени, меѓу кои и 4 деца и 2 мајки се хоспитализирани во болницата во Козле

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа д направени се 1224 тестирања, а потврдени се 148 нови случаи на Ковид-19, со што повторно бројката се искачи над 10 отсто. Најмногу регистрирани се во Скопје – 50, 18 во Кочани, по 11 во Берово и Тетово, 9 во Прилеп, по 6 во Битола, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, 5 во Кичево, 4 во Куманово, 3 во Гостивар и Крива Паланка, по 2 во Штип, Велес и Дебар, и по еден во Валандово и Неготино, Гевгелија и Радовиш. Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починале три лица, односно, пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2323, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ