Во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19. Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 396.797 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.           Ал.Н.