Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19, о дкои најголем број во Скопје – 27, по што со двоцифрена бројка се Струмица со 15 новозаболени, Прилеп, 13 и Тетово со по 13 новозаразени и Куманово со 11. Радовиш  и Гостивар има по 8 нови пациенти, по пет во Штип и Битола, 4 во Велес,  Делчево и Дебар по 3, по 2 новозаразени има во Охрид, Гевгелија, Крушево, Берово и Ресен. Во последното деноноќие по еден новозаразен има во Кавадарци, Крива Паланка, Македонски Брод Виница. 

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417, бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002.

А.Н.