Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19, о дкои најмногу 50 се во Скопје. Потоа следат Струмица со 9, Тетово 7, Куманово 6, Прилеп 5, по 4 во Штип и Битола, Струга 3, по два нови пациенти има во Охрид и Делчево и по еден во Велес, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Берово и Кичево.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

А.Н.