Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот „Најдоброто од Наум”.
Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21 часот, а влезниците по цена од 350 денари можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за се“ како и онлајн на следниот линк.
Во текот на идната недела има информации за продажбата на влезници за концертот во Долни Сарај Охрид, кој ќе се одржи на 11.08.