Доцна вечерва, сопствениците на популарниот ресторан „Две Лири“ од Ресен обавија дека тие се негативни на тестот корона, но дека еден од нивните вработени по два направен теста вечерва добил информација дека е позитивен на корона вирусот.

На нивниот фејсбук профил тие напишаа:

„Како раководители на ресторан кој што спаѓа на една во најранливите категории во борбата со COVID 19 ние самоиницијативно се решивме да се тестираме каде што тестовите испаднаа негативни.
Но во самото тестирање беше вклучен вработен со симптоми на грип.
Истиот беше тестиран во приватна болница во Скопје и од 2 теста касно вечерва, добивме информација дека на еден од нив за жал е позитивен.
Со цел да се заштити персоналот и сите наши муштерии ресторанот Две Лири ќе биде превентивно затворен во наредните 14 дена.
Целосно стоиме на располагање на службите со цел локализирање на ширењето.
Се надеваме на многу поздрави и повесели моменти.
Посакуваме здравје пред се во овие тешки моменти за нашиот вработен и неговата фамилија.“

Како што неофицијално дознава ТЕХТ.МК денеска во градот се направени околу 200 тестирања, и патем ова се први тестирање во Преспа откако вчера беше објавено дека има еден заразен пациент. Колку од тестираните ќе се покажат позитивни и колку кластери ќе се отворат, останува да видиме откако ќе бидат готови резултатите од тестирањето.

Н.С.