Вирусот зема замав, а ресенчани се во паника и страв дека градот ќе стане нов Дебар. За жал, денеска Ресен само два дена откако беше ставен на листата на град со заразени од корона вирус, има и смртен случај. Почина маж на 67 години, кој заедно со сопругата биле позитивни на корона вирусот. Добрите познавачи на приликите во семејството на починатиот тврдат дека тој една недела бил со повишена температура, но дури по ургенција успеал да направи тест на корона. Сопругата која исто така е позитивна се наоѓа на инфективна клиника во Битола.

Во Ресен засега официјално се регистрирани  3 случаи на корона вирус, без починатиот и неговата сопруга, и сите се од разлечини кластери. Покрај првата заразена, која била професорка, другите два официјално потврдени се лица кои поради природата на нивната работа имале контакти со многу лица, едниот е келнер, а другиот бербер.

Н.С.