четврток, април 25, 2024
домаЖивотВо Ресен се затвораат индустриските капацитети заради корона вирусот, од утре и...

Во Ресен се затвораат индустриските капацитети заради корона вирусот, од утре и вработените во Свислион остануваат дома

Како што дознава ТЕХТ.МК покрај најавата за времено затворање на погоните на некогашната Преспатекс, и текстилните погони во Стење, вработените во фабриката Свислион (некогашен Агроплод) добиле порака дека наредниве две недели треба да останат дома. Сите овие мерки се превземаат со цел да се запре ширењето на вирусот.

Околу педесетина граѓани се наоѓаат во самоизолација откако во градот се детектираа 18 активни случаи на корона.

Оваа вест сепак не ја примија сите исто, па така по социјалните мести може да се прочитаат апели градот да се стави во карантин, за да не создаде нов извор на ширење. Граѓаните се загрижени поради тоа што лицата кои се позитивни на вирусот се движеле низ градот и имале контакти со многу граѓани.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ