четврток, април 25, 2024
домаНасловнаВо Русија забележан рекорден пораст на заразени со коронавирусот за еден ден

Во Русија забележан рекорден пораст на заразени со коронавирусот за еден ден

Забележано е рекордно зголемување на бројот на заразени на дневно ниво од коронавирусот во Русија, вкупно повеќе од 2.000 заразени.

Во Русија, бројот на заразени лица скокна за 500 во изминатите 24 часа, што претставува најголем пораст за еден ден во земјата.

Инфицирани се вкупно 2.337 лица, а епидемијата во Русија започна пред седумнаесет дена кога беше пријавен првиот случај на инфекција, пренесуваат светските агенции.

Досега, осумнаесет лица заразени со вирусот КОВИД-19 починале во Русија и 121 се опоравиле. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular