Според првите проценки на подрачјето на Сисак, Петриња и Глина, околу 1.000 станбени единици се оштетени во вчерашните земјотреси во Хрватска, а некои претрпеа и поголема штета. Според „Вечерњи“, засега само еден дом е прогласен за неупотреблив, а семејството од Сисак е сместено кај роднини. Од синоќа до утрово се забележани неколку помали земјотреси со епицентар во истата област. Најсилниот земјотрес од 2,8 степени според Рихтеровата скала е откриен во 1.20 часот, а последниот утрово во 7.05 часот беше 2,3 степени.

Сепак, во Петриња, голем број станови и згради добија т.н. жолта налепница, која ги прогласи објектите за привремено неупотребливи се до подетални прегледи што треба да се извршат во наредните денови и до санирање на првата штета. Овие се претежно постари згради во центарот на Петриња.

За семејствата чии домови се привремено неупотребливи, државната канцеларија за реконструкција и домување обезбеди 23 стана на подрачје на Сисак, Петриња и Глина.

– Обезбедивме и сместување во хотелот Панонија во Сисак, но засега, сите тие семејства најдоа сместување кај роднини и пријатели – рече градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.

Крововите на куќите кои останале без керамиди во најсилно погодените села во околината на Петриња вчера биле покриени со нови керамиди со акција на волонтери, така што дождот што синоќа падна во тој крај не предизвика дополнителна штета на локалното население. А.Р.