Српскиот кризен штаб за борба против корона вирусот донесе одлука за заострување на мерките, затворање на сè од вечерва до понеделник, а промените ги чекаат и учениците.

Како што рече премиерката Ана Брнабиќ во обраќањето по седницата на Кризниот штаб, градинките не се затвораат, но продолжуваат да работат со максимална претпазливост.

Таа најави дека пониските одделенија од основните училишта од понеделник најверојатно ќе се префрлат на онлајн настава.

– Пониските одделенија во основното училиште најверојатно ќе се префрлат на онлајн настава од понеделник – рече премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Тоа, како што рече, сега е препорака на медицинскиот дел од Кризниот штаб. Одлуката ќе важи засега седум дена, по што ќе се види како понатаму. А.Н.