Foto Tanjug-Tara Radovanovic

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека утре пристигнуваат уште 500.000 дози од вакцината „Синофарм“. За време на вонредното обраќање до медиумите, претседателот Вучиќ рече дека кинеските вакцини се наоѓаат во српскиот магацин во Кина и дека тие ќе пристигнат во Србија утре.

Тој додаде дека уште 50.000 вакцини „Спутник“ пристигнаа утрово за првата доза, и дека уште 50.000 ќе пристигнат за втората доза во следните 15 дена. Тој изјави дека Србија ќе добие уште 88.000 вакцини „Фајзер“ до крајот на февруари, како и вакцината „АстраЗенека“, од 125.000 до 150.000 дози.

-Од четврток до петок одиме, покрај со ревакцинација, на понатамошна масовна вакцинација, истакна Вучиќ.

Вучиќ им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и особено на кинескиот претседател Си Џинпинг за најголемата поддршка, како и, како што рече, пријателите од Велика Британија и Индија.

„Ќе имаме милион вакцинирани и ревакцинирани, а тоа зборува за голема работа и труд“, рече Вучиќ и им честиташе на премиерот на Србија и тимот што се занимаваше со набавка на вакцини.

Тешката и напорна работа секогаш се исплати, рече Вучиќ, посочувајќи дека се оди на понатамошна масовна вакцинација со цел да се спасат животи. А.Р.