четврток, април 25, 2024
домаВо Тајланд со коронавирус заразени 689 лица на пазар на морски плодови

Во Тајланд со коронавирус заразени 689 лица на пазар на морски плодови

Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат тестирани за коронавирус во Тајланд, бидејќи 689 лица се заразиле на најголемиот пазар на морски плодови во близина на Бангкок, соопштија тамошните власти.

Инфекцијата на пазарот е откриена во четвртокот, кога бил тестиран продавач кој бил позитивен. Повеќето од заразените се државјани на Мјанмар кои работат во Тајланд. Властите ги ставија во карантин работниците и додадоа дека над 10.000 луѓе ќе бидат тестирани.

Во саботата на локалното население околу пазарот му беше изречен строг карантин и полициски час. Овие мерки ќе важат до јануари.

Тајланд е релативно поштеден од епидемијата на коронавирус, каде се регистрирани повеќе од 4.000 заразени лица, од кои 60 починаа. Сепак, земјата се граничи со четири земји, од кои едната е Мјанмар, каде се евидентираат повеќе од 1.000 заразени лица на ден. А.Н.

RELATED ARTICLES

Most Popular