Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во средата биле запленети 100 килограми кокаин и дека на територијата на Хрватска и Словенија биле уапсени осум лица, пишува „Вечерњи“.

Хрватската полиција во акција наречена „Нана“ успеа да прекине синџир на шверц и конфискуваше рекордни 100 килограми кокаин. Членовите на криминалната организација оваа голема количина дрога ја шверцувале од Јужна Америка до Европската унија преку Хрватска. Меѓу уапсените е 48-годишен државјанин на Шпанија, 43-годишен маж кој има државјанство на БиХ и Холандија и шест хрватски државјани на возраст од 39 до 59 години.

Споменатите 100 килограми кокаин биле купен во Панама за 300.000 евра, а биле скриени во контејнер со 20 тони мешан метален отпад. Дрогата требало да биде истоварена во Загреб, а контејнерот претходно бил истоварен во Риека, каде што бил запленет од полицијата. Како дел од истата акција, полицијата претходно заплени 150 килограми марихуана и 69.000 кутии цигари.

Килограм кокаин во земјите на Европската унија чини од 21.000 до 33.000 евра.