Како што пренесуваат хрватските медиуми, иако се уште не официјализирано, Хрватска за влез во државата нема да бара тест за корона вирус.

Според изјавата на министерот за туризам, објавена од Хина на официјалната веб-страница на Министерството за туризам на Република Хрватска, министерот Гери Капели вели дека голем дел од резервациите за јуни се откажани, но во исто време дека повеќето резервации за крајот на сезоната, односно јули, август и септември, сè уште не се откажани, па тој се осврна и на странските туристи кои влегуваат во Хрватска.

„Што се однесува до туристите, ние подготвивме заедно со Министерството за внатрешни работи и Министерството за администрација апликација слична на е-пасовите, така што нема да има поголеми чекања на границата, туристите ќе треба претходно да се регистрираат со сите информации, каде одат, колку време ќе останат и со тоа ќе се забрза сè до максимум – вели министерот Капели и додава дека секако мора да има минимална контрола.

На територијата на Хрватска се започнати измени на одредени закони, пред се за да се помогне и подобри семејното сместување во земјата, затоа што тие сочинуваат 60% од капацитетите за сместување, како што изјави министерот.

Плажите во земјата, кои се организирани, сигурно ќе бидат под контрола на земјопоседниците, што значи максимално почитување на тековните мерки во однос на социјалното растојание. Од друга страна, се очекува туристите да бидат одговорни за време на нивниот престој на неорганизираните плажи.

Благодарение на одличната организација среде пандемијата, Хрватска ги отвори своите граници доста рано, па министерот смета дека земјата го сторила токму тоа заради контролираната епидемиолошка состојба.

– Ние сме признати како најефикасен и највисок квалитет во борбата против корона вирусот, а јавното здравство докажа дека е подготвено и важно во таа борба. Тоа е добар маркетинг за нас – заклучи хрватскиот министер за туризам.

И ако е ова добра вест за оние кои планираат да одат на одмор во Хрватска, прашање е како да се стаса до таму, односно што ако транзит земјите ни зкои треба се поминува бараат тест за короно.

Подготви:А.Н.