четврток, април 25, 2024
домаВо Хрватска откриен бразилскиот вид на корона: Мутација пронајдена во примерок од...

Во Хрватска откриен бразилскиот вид на корона: Мутација пронајдена во примерок од Загреб

Мутација на корона вирусот е пронајдена во Хрватска, поточно бразилскиот вид. Научниците од институтот „Руѓер Бошковиќ“ го откриле во анализирани примероци од Загреб.

Анализирани се примероците собрани во Осиек, Чаковец и Загреб. Бразилскиот вид е потврден во еден од педесет примероци, односно во S протеин, еден од неколкуте протеини на вирусот КОВИД-19, земени во Загреб. Мутацијата е забележана на позицијата E484K.

Материјалот за анализа е собиран во текот на декември, јануари и февруари и е тестиран во поликлиника во Загреб, како дел од тестирањето за ПЦР.

Во примерокот не е потврдено присуството на мутација на британскиот вид.

Мутациите на британскиот вид на вирус беа потврдени во Хрватска минатата недела, а досега се потврдени 11 вакви случаи.

– Мутацијата E484K само по себе не е нова варијанта, тоа е мутација што се јавува во различни видови на вирусот САРС-КоВ-2, како што е онаа во јужноафриканската (Б.1.351) и бразилската (Б.1.1.28) варијанта – наведува раководителот на истражување и Лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“, д-р Оливер Вугрек.

– Благодарение на информациите откриени со следење на генетиката, односно мутациите на вирусот и неговото однесување, експертите можат да утврдат зошто вирусот се шири повеќе или помалку кај популацијата во одреден момент, како и зошто и како се развиваат лесни или тешки форми на боелста кај луѓето. Покрај тоа, можно е да се следи дали одреден вид има способност да избегне откривање со специфични дијагностички тестови и да се утврди дали одреден вид на вирусот има можност да развие намалена чувствителност на терапија – вели Вугрек, а пренесува „Јутарњи.хр“.

Според него, следењето на генетиката на овој вирус ни обезбедува информации за дејството и трајноста на природниот имунитет и за тој стекнат со вакцинација. И сите тие информации се клучни во борбата против овој вирус. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular