EPA-EFE/ANTONIO BAT

Присуството на индискиот вид на корона вирус е потврдено во Хрватска, соопшти денеска Ивана Пем Новосел од Хрватскиот институт за јавно здравје.

Таа во емисијата „Студио 4“ на ХТВ рече дека индискиот вид на вирусот е откриен пред неколку дена во округот Сплит-Далмација, но додаде дека има индивидуални случаи и дека нема простор за паника.

Сепак, таа предупреди дека граѓаните треба и натаму да водат сметка за заштитните мерки.