Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.995 нови случаи на коронавирус, а 68 лица починале од последиците на Ковид-19. Вкупно 2.427 пациенти се во болница, од кои 262 пациенти се на апарати за дишење, пренесува „Јутарњи лист“.

Вчера Хрватска имаше нови 4.534 случаи на инфекција со корона вирус, а беа тестирани 11.166 примероци.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, евидентирани се вкупно 143.370 лица заразени со коронавирус, од кои 2.032 починаа, а вкупно 117.148 лица се опоравија, од кои 3.639 во последните 24 часа.

Во моментов има 59.417 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 790.883 лица, од кои 10.626 во последните 24 часа. А.Н.