Промената на времето погаѓа дел од регионот, а во Хрватска донесе забележителен пад на температурата на воздухот низ Далмација, а на Биоково падна и снег.

Синоќа околу 20 часот температурата на воздухот на биоковски Св. Јуриј падна на нула степени, а дождот премина во снег.

Вчера попладне, температурата долж брегот беше само 12 степени, што е пад од дури 15 степени во споредба со минатата недела, пренесе N1. Падот на температурата беше проследен со дожд и грмотевици.