четврток, април 25, 2024
домаНасловнаВо Црна Гора и Србија влез без ПЦР тест

Во Црна Гора и Србија влез без ПЦР тест

Македонските државјани во Црна Гора ќе можат да влезат без ПЦР тест откако вчера земјата ги олесни мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, изјави дека, сепак, ќе биде забрането организирање на новогодишната ноќ на 13 јануари, и во затворени простории и на отворено.

Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ бил информиран дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ