Добитникот на наградата „Прицкер“, архитект Шигеру Бан, дизајнираше два јавни тоалета за проектот „Тоалет во Токио“ со про транспарентни, стаклени sидови, кои стануваат нетранспарентни кога ќе бидат зафатени.

Изградени во мини паркот Јојоги Фукамачи  паркот Заедницата Хару-но-Огава, пар тоалетите имаат ѕидови од затемнето стакло за да им овозможат на оние што се приближуваат лесно да проверат дали се во употреба или не. Овој квалитет беше избран и за да ги увери корисниците дека просториите се чисти, без претходно да мора да влезат во тоалетот, за да проверат.

Заради приватност, стаклените sидови стануваат нетранспарентни откако ќе влезе корисникот и откако ќе ја заклучи врата.

„Постојат две работи за кои се грижиме кога влегуваме во јавен тоалет, особено оние лоцирани во парк“, објасни Бан на веб-страницата на проектот.

„Првата е чистотата, а втората е дали има некој внатре“, вели архитектот. „Користејќи ја најновата технологија, надворешното стакло се претвора во нетранспарентно кога е заклучено.“

„Ова им овозможува на корисниците да ја проверат чистотата и дали некој користи тоалет однадвор. Ноќе, објектот го осветлува паркот како прекрасен фенер“.

Секој објект се состои од три посебни кабини – машки, женски и достапен тоалет – кои се поделени со огледувани sидови.

Двете структури се изградени според истиот дизајн, со исклучок на бојата на стаклените sидови. Во паркот „Заедницата Хару-но-Огава“, стаклото е затемнето со зелени и сини нијанси за да ги надополни околните дрвја, додека тоалетите во мини паркот Јојоги Фукамачи се со знаци од опремата за игралиштето во близина, со нијанси на портокалова, розова и виолетова боја.

Бан ги дизајнираше разнобојните удобности како дел од проектот „Тоалет во Токио“, кој го спроведува непрофитната фондација „Нипон“, која бара помош од 16 креативци од целиот свет за редизајн на јавни тоалети на 17 локации низ центарот на градот Шибуја.

Меѓу другите дизајнери и архитекти учесници се Кенго Кума, Марк Њусон и Соу Фуџимото, како и колегите-добитници на наградите Прицкер, Тојо Ито, Тадао Андо и Фумихико Маки.

И додека во Јапонија дизајнираат на тема тоалети, кај нас Скопје се уште нема функционален тоалет.

А.Н.