Новинар, истражување, факти, лупа, репортер Фото Pixabay

Во 2020 година, 50 новинари беа убиени ширум светот, а она што е интересно е дека најголемиот број загинаа во земји во мир, додека во земјите каде што има војна, бројот на убиени новинари се намалува, соопшти организацијата Репортери без граници (РСФ).

Ова беше објавено во годишниот извештај за насилен третман и насилство врз новинари, кој го опфаќа периодот од 1 јануари до 15 декември. Се вели дека бројката е слична на 2019 година, кога беа убиени 53 новинари, иако новинарите не беа толку многу на терен поради пандемијата на корона вирус.

За разлика од 2016 година, кога 58 проценти од убиените новинари настрадаа во „воена зона“, во 2020 година тој број беше 32 проценти и тие настрадаа во Сирија и Јемен, но и во земји со помалку интензивни конфликти како Авганистан и Ирак.

„Со други зборови, 68 проценти (повеќе од две третини) од смртните случаи биле во земји во мир, пред се Мексико (8), Индија (4), Филипини и Хондурас (убиени по тројца новинари)“, наведува РСФ.

Од вкупниот број убиства на новинари, 84 проценти се намерни убиства, што е 21 процент повеќе од претходната година, а некои новинари се убиени на особено суров начин – со обезглавување, отсекување на делови од телото, палење, сечење со мачета.

Оваа година најмногу страдаа новинари кои се занимаваа со корупција, злоупотреба на јавни средства или организиран криминал, а седум новинари страдаа додека известуваа од протести.

Како пример, организацијата наведува дека тројца новинари во Ирак биле убиени на ист начин – тие биле застрелани во главата додека известувале од протести, а четвртиот бил убиен во регионот Курдистан, бегајќи од судири меѓу безбедносните сили и демонстрации.

Во 2020 година беа уапсени 387 новинари за нивната работа, што е исто како и минатата година, што значи дека бројот на уапсени новинари ширум светот е сè уште екстремно голем. Исто така, во 2020 година, бројот на уапсени новинари се зголеми за 35%, додека во првите три месеци, бројот на уапсени новинари се зголеми за четири пати во споредба со 2019 година.

РСФ исто така посочува дека 14 новинари кои известувале за моменталната пандемија на корона вирус сè уште се во притвор.

Генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар изјави дека новинарите во светот сè уште се изложени на насилство.

“Некои можеби мислат дека новинарите се само жртви на ризиците од нивната професија, но новинарите сè повеќе се мета кога истражуваат или покриваат чувствителни теми. Она што се напаѓа е правото на информирање, што е право на сите”, рече Делоар. А.Р.