Македонска поп-пејачка и кантавторка на забавна музика, Наташа Крстевска – MIYATTA, ја промовираше својата најнова песна со наслов „Враќање дома“.

Во оваа песна покрај MIYATTA вокално ја надополнува и Теда, Теодора Гошева Капсарова, кантавторка и пејачка од помладата генерација.

,,Враќање дома”  е дело на Александар Пешевски Т- музика, текст: Весна Малинова Аранжман: Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTA, Микс&Мастеринг: Дамир Пух @GreenRoom Sound Studio Мандолина: Никола Стојмановиќ, Придружни вокали: Наташа Миха Видео: Режија: MIYATTA Видео Продукција: Били Д, Гордан Божиновски @Solution+ Стајлинг: Сара Реџиќ @Sari G Шминка: Бранкица Крстевска

Снимањето на спотот е поддржан  од Флораком ЛТД – Паркови и зеленило

 

 

Фото – Фросе Левковска