Познатиот македонски хипхопер Тони Зен и учесник во реалити шоуа, со пост на фејсбук им се обрати на своите фанови, да ја купуваат неговата музика, за да ја поддржат истата, а со тоа и неговата егзистенција.

Тој во напишаното, што ви го пренесуваме во целост, вели:

“ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ!
Бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓаме, мислам дека не е потребно објаснување ниту жалење од моја страна, единствено сакам да објавам дека од овој момент моите албуми можете да ги нарачате и купите онлајн, доставата ќе биде бесплатна низ цела Македонија, нарачајте преку порака директно овде или на мојот инстаграм профил tonizentoni, секоја поддршка е за респект, па дури и споделувањето на овој пост.
Ова се цените за албумите:
-Од изворот на изборот – 350 денари
-МикроСкопски организам – 250 денари
-Од изворот на изборот + Микроскопски организам – 500 денари
-Целата дискографија од пет албуми (без албумот со Урбана Димензија) – 1000 денари + гратис DVD од концертот со српскиот neo soul бенд “Maraqya” одржан во универзална сала во Скопје на 29.12.2011.”

Ова е неговата понуда до оние кои се негови обожаватели и кои редно е да му возвратат за убавите песни со кои ги веселел, бодрел, подигнувал и забавувал. В.Ѓ.