Тим на СЗО во посета на Вухан, Кина (AP Photo/Ng Han Guan)

Тим од Светската здравствена организација (СЗО), кој го истражува потеклото на корона вирусот во Кина, денес ја посети болницата во Вухан, каде беа лекувани првите пациенти со ковид-19, пренесува АП.

“Првата средба лице в лице со нашите колеги. Корекција, маска в маска, во согласност со епидемиолошките мерки”, ја потврди денешната средба со нејзините кинески колеги холандскиот вирусолог Марион Копман на Твитер.

Копман потврди дека експертите на СЗО се сретнале со Лианг Ванијан, кој е на чело на кинескиот епидемиолошки тим и изрази задоволство што состанокот бил во живо по долгите состаноци преку ЗУМ.

Членовите на тимот подоцна отидоа во болницата во Вухан, каде што според официјалниот извештај на Кина, првите случаи на ковид-19 биле третирани пред повеќе од една година, болест која тогаш беше наречена „пневмонија од непознато потекло“ , наведува агенцијата. А.Р.