Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва предложи на седницата на Изборниот штаб да се откажат сите предизборни митинзи на партијата, дозна неформално Б92.net.

Предлогот вклучува голем собир во Нови Сад и завршниот собир во Ниш.

Според пишувањето на Б 92 причина за откажувањето на митинзите е здравјето на граѓаните. Првиот ваков собир требаше да се одржи во петок во Нови Сад, а на него се очекуваше да присуствуваат најмалку 30.000 приврзаници на прогресивците.

Од друга страна, пак, вечерва во Белград е вечното дерби меѓу Звезда и Партизан, кое се игра пред десетици илјади луѓе.

Објаснувајќи го својот предлог на седницата на Изборниот штаб, Вучиќ изјавил дека со организирање масовни предизборни митинзи, тој не сака да го загрози здравјето на една личност, затоа што здравјето и безбедноста на српските граѓани се над политиката.

Како што дознаваме, предлогот на Вушиќ е усвоен со тесно мнозинство.

А.Н.