четврток, април 25, 2024
домаГерманија и Велика Британија блокирани од снег

Германија и Велика Британија блокирани од снег

Десетици возачи ја поминаа ноќта во возилата, заробени од снег на автопат во северозападна Германија, додека во Велика Британија, исто така поради снег, беа затворени некои центри за вакцинација против коронавирусот.

Според полицијата, автопатот во близина на германскиот град Билефелд бил блокиран поради обилните снежни врнежи во последните 48 часа, а неколку камиони се превртеле, па тој автопат бил затворен во двата правци.

Повеќето поминале скоро 16 часа во возилата на ледено време. Спасувачките екипи им обезбедиле ќебиња и топли пијалаци.

„Ситуацијата е тешка“, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата во Билефелд, додека портпаролката на центарот за контрола на патиштата во регионот додала дека ќе треба долго време за да проработи автопатот.

Патиштата беа блокирани и во централниот дел на Германија поради снегот.

Министерот за транспорт Андреас Шојер ги повика жителите на северните и централните делови на Германија до утре да не тргнуваат на пат.

Обилните врнежи од снег и формирањето на наноси од снег, исто така, предизвикаа одложувања на возовите и откажување на некои линии, наведе „Дојче бан“.

Од среда се очекува намалување на врнежите од снег, но остануваат ниските температури, некаде ќе бидат до минус 20 степени.

Во неколку градови, како што е Франкфурт, капацитетот за сместување на бездомници е зголемен. Во моментов нема официјални податоци за можни жртви.

Обилен снег падна и во други европски земји како Белгија и Данска. Ситуацијата е особено тешка во Велика Британија, па неколку центри за вакцинација против корона вирусот се затворени.

Поради оваа причина, затворени беа и некои училишта кои беа отворени за деца од ранливи групи или чии родители треба да одат на работа. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ